Турскиот милионер потврди дека го презема Марибор

од Симе Стоиков

Турскиот милионер Акун Иликали наскоро ќе го комплетира преземањето на Марибор, трофејниот словенечки фудбалски клуб.

Ова го објави во програмата „Под пречком“ на словенечкиот Спортк Клуб

„Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен, Олимпија е познато име во Европа, но и Марибор“, рече тој и потоа додаде:

„На крајот треба да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Беше многу важно за мене дека има аеродром во близина затоа што цело време патувам. Мал аеродром, за да можам да доаѓам и да си одам без мака, луд сум по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари.

Така Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.

Овој словенечки клуб 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет купови и четири Суперкупа на Словенија, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите.

Сезонава не им оди баш најдобро, и се само третопласирани зад Целје и Олимпија.

Иликали веќе е сопственик на англиски Хал, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и со ирскиот Шелбурн. Сопственик е на ТВ каналите ТВ8 и ТВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор, по избор на магазинот „Варајети“.

Слични содржини