Заев заминува во Софија

од Берта Китинска
503 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Самит за Западен Балка.

Покрај лидерите на земјите од регионот на Самитот во Софија се очекува да учествуваат и шефови на држави или влади на членките на ЕУ, вклучително и бугарскиот премиер Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел, како иницијатор на Берлинскиот процес, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Премиерот Зоран Заев наведе дека од Самитот во Софија очекува уште еднаш да биде испратена пораката за отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија.

– Очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот Самит ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија, нагласи Заев.

Слични содржини