Медицинска сестра која веќе двапати беше уапсена во Англија под сомнение дека убила осум бебиња и се обидела да убие уште девет во болница во Честер, повторно е уапсена.
Таа беше уапсена двапати – во 2018 и 2019 година, пишува „Дејли Мејл“.
Апсењето на Луси Летби во 2018 година ги шокираше нејзините колеги, особено затоа што оваа медицинска сестра важеше за „шампион во грижата за децата“ во нејзината болница, како што тогаш пишуваа британските таблоиди.
Летби дипломираше во 2011 година, а нејзината тесна професија е нега на бебиња. Таа самата често зборуваше за нејзината посветеност на работата, а со темата грижа за деца често се занимаваше и на социјалните мрежи, каде беше активна во 14 групи за кои се зборува за тоа.
Во едно интервју што го даде за еден локален весник, таа зборуваше за тоа колку ја сака својата работа.
„Работев во одделот за бебиња додека бев уште студент, три години за време на мојата пракса. Мојата улога беше да се грижам за бебиња на кои им треба различно ниво на поддршка. Некои беа таму со денови, некои со месеци. Уживав да го гледам нивниот напредок и да ги поддржувам нивните семејства“, рече тогаш сестра Летби.
Таа дури учествувала и во акцијата за собирање три милиони фунти за изградба на ново крило на неонатологијата во болницата каде што работела.
Истрагата за смрт на бебиња започна во мај 2017 година, на иницијатива на самата болница, поради сомнително високата стапка на смртност кај новороденчињата во таа институција во периодот од март 2015 година до јули 2016 година.
Внатрешната истрага започна откако беа забележани голем број случаи кога предвремено родени бебиња починаа од белодробна и срцева слабост, но на начин дека не можеле да се оживеат, пишува „Дејли мејл“. Извештајот заклучил дека бебињата имале чудни плускавци, дамки и црвенило на рацете и нозете. Експертите не можеа да ја утврдат причината за смртта, поради што беше повикана полиција.