ВО БЕГСТВО УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО: Медицинската сестра што крадеше од Онкологија осудена на 2 години затвор

од Vladimir Zorba
3,9K прегледи

Медицинската сестра од Клиниката за онкологија Амела Османовиќ, правосилно е осудена на две години затвор во случајот со кражба, односно изнесување на цитостатици.

Обвинителството барало повисока затворска казна, но Апелација не го уважила таквото барање.

Таа во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, а со намера да стекне материјално богатство, објави СП.

Сепак таа е во бегство уште пред да почне судењето. Во придружба на друго лице со автомобил била забележана на граничниот премин Табановце. Не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја изржува затворската казна.

Слични содржини