„Еден падна, уште еден остана“, напиша Саша Барон Коен на Твитер покрај фотографијата на Доналд Трамп и Марк Закерберг направена минатата година во Белата куќа.
Американските медиуми наведуваат дека е јасно дека Коен алудира на сопственикот на Фејсбук, имајќи предвид дека американските избори на кои Трамп загуби се одржаа непосредно по премиерата на филмот „Борат 2“.
Коен со години ја критикува политиката на Закерберг и Фејсбук, за која вели дека „промовира омраза и насилство и доведе до зголемување на злосторствата од омраза и смртоносни напади врз религиозни и етнички малцинства“.
„Сета оваа омраза и насилство овозможено од неколку интернет компании прерасна во најголемата пропагандна машина во историјата“, рече тој минатата година.
Покрај Закерберг, Коен нападна уште пет други директори, нарекувајќи ги шестмина од Силиконската долина. Се работи за извршниот директор на Гугл, Сундар Пичаи и коосновачите на истата компанија – Лари Пејџ и Сергеј Брин, извршната директорка на Јутјуб, Сузан Војчицки и шефот на Твитер, Џек Дорси.
One down. One to go. pic.twitter.com/eQYi1pBqku
— Sacha Baron Cohen (@SachaBaronCohen) November 7, 2020