Девет години внесувала само 150 калории на ден (ФОТО)

од Vladimir Zorba
700 прегледи

Дури кога нејзиното тело и мозок речиси целосно беа згаснати, 25-годишната Саша Рив од Мелбурн се обиде да одолее на нејзиното нарушување.

Саша, студентка по глума и дадилка, имала само 16 години кога станала заробеничка на своето тело и започнала да избегнува храна. Од средно училиште, во следните девет години, консумирала чинија со обарени брокули, половина конзерва Пепси и пушела кутија цигари.

Тоа е вкупно помалку од 150 калории. Саша ослабела 35 килограми и имаше анорексија и булимија.

Со години нејзината здравствена состојба се влошувала. Таа завршила на одделот за итни случаи каде што се обиделе да ја охрабрат да побара помош и да започне да јаде. И тогаш таа го негирала својот проблем и не разбирала зошто е во болница, ја молела нејзината мајка да ја однесе дома, но мајката решила да не се откажува. Таа чекала околу една недела за место во болницата што третира нарушувања во исхраната.

Кога ја испратиле на кардиолог, тие веднаш ја сместиле на интензивна нега затоа што срцето почнало да и откажува. Нејзиното нарушување доведе до гасење на организмот и повеќе не можеше да ги препознава лицата околу неа, не можеше да зборува, чита, пишува.

Дури кога беше примена на рехабилитација на Клиниката во Бајрон Беј, сфатила дека коренот на нејзиниот проблем е менталното здравје.

Нивото на шеќер во крвта било толку мало што вработените не можеле да ја остават сама кога и дале да јаде круша, па чувар стоел покрај неа додека не ја изџвака и проголта.

По неколкумесечно лекување и една година живот во клиниката, таа започна да јаде три оброка на ден и повеќе не морала да вежба опсесивно.

Нејзиното здравје постепено се подобрувало и достигна тежина од 60 килограми.

„Кога имате анорексија, како да имате две личности. Болеста е една, и тука сте и вие, суштината на она што сте, што станува сè полошо затоа што анорексијата станува се посилна и таа борба е толку тешка во вашиот ум, за да се откажете. Никогаш не ме малтретираа на училиште, немав прекумерна тежина… Мислам дека сè започна со мојот систем на внатрешна вредност“, рече Саша.