Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје , денеска околу 13.00 часот на Средно Водно, ги лишиле од слобода Д.Д.(33), Ф.Д.(27) и Е.Н.(17), сите од Скопје.
Тие биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки.
При преглед кај нив биле пронајдени одземените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.