Градските инспектори запленија бакар за палење под мостот во Маџари (ВИДЕО)

од Берта Китинска
203 прегледи

„Екипи на Инспекторат на Град Скопје во акција спроведена вчера под мостот во Маџари кон Ченто, лоцираа и запленија поголема количина на бакар предивен за палење. Сторителите избегаа при заблежувањето на градските инспектори.“, се вели во објавата на Град Скопје, откако била спроведена акцијата.

Како што се наведува, се трага по сторителите, кои избегале откако ги забележале инспекторите, кои се на терен за да спречат загадување на главниот град кој овие денови се бори со екстремно загадување.