Поштенски работник чии обвинувања за наводна измама во гласањето биле основа на повиците на Републиканците за истрага на изборните резултати целосно ја променил приказната, пишува Гардијан.
Демократите во одборот за надзор на Претставничкиот дом изјавија дека Ричард Хопкинс, работник кој во писмената изјава тврди дека супервизор на американската поштенска служба (УСПС) во Ирија, Пенсилванија, им дал упатства на вработените да се мешаат во гласачките ливчиња со промена на датумот на тие кои пристигнале доцна, сега ги отфрли овие тврдења откако бил испрашуван од инспекторите.
Истражителите му соопштиле на комитетот дека Хопкинс „не објаснил зошто потпишал лажна изјава“, соопшти комитетот.
Хопкинс призна дека ги измислил тврдењата, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на тројца официјални лица. Откако ја даде изјавата, републиканскиот сенатор Линдзи Греам од Јужна Каролина повика на федерална истрага.
Вчера, државниот обвинител на САД испрати писмо до обвинителите со кое ги одобруваат федералните истраги за измама, и покрај недостатокот на докази дека тоа навистина се случило.
Како одговор, Ричард Пилгер, највисокиот службеник во Министерството за правда задолжен за истраги за измама, поднесе оставка, посочувајќи на четириесетгодишната политика на одделот да се воздржува од мешање на изборите и да спроведе истрага.
Веста дека Хопкинс ги измислил своите тврдења дојде кога кампањата на Трамп продолжи да објавува тужби во Пенсилванија, Невада, Аризона и Џорџија, кои не беа поткрепени со веродостојни докази.
Кампањата на Трамп на суд се обиде да утврди дека на набљудувачите на Републиканците им е забрането да го следат пребројувањето на гласовите. Обвинувањата продолжија дури и откако медиумите предвидоа дека Џо Бајден победи на изборите, а Трамп сепак не го призна поразот.
Поштарот тврди дека не ја повлекол изјавата
Сепак, тука приказната станува комплицирана. Хопкинс, кој не сакаше да даде изјава за „Пост“, во вторникот објави видео на ЈуТјуб во кое негира дека ги повлекол обвинувањата.
Tweet this video and use hashtag #BackDateGate pic.twitter.com/TF84Gle6JO
— Project Veritas (@Project_Veritas) November 7, 2020
– Денес сум тука за да кажам дека не ги повлеков изјавите. Тоа не се случи. Би сакал „Пост“ да го повлече својот прекрасен мал напис, кој тие решија да го објават туку така – рече тој.
Исто така утрово, „Проект Веритас“ објави видео од новиот разговор со Хопкинс, во кој тој тврди дека истражителите „ѓаволски го изрешетале“ и дека „чувствува дека го изиграле“.
Особено е интересно што видеото на „ПроектВеритас“ содржи и клип за наводното снимање на разговорот на Хопкинс со неговиот претпоставен Расел Штрасер од Кабинетот на главниот инспектор на УСПС.
Потпишаната изјава на Хопкинс беше цитирана во федералната тужба што кампањата на Трамп ја покрена против изборните службеници во Пенсилванија.