205
Продолжија засилените акциски контроли во сообраќајот од страна на Министерството за внатрешни работи.
„Само во рамки на градот Скопје се изречени вкупно 348 мерки, меѓу кои 51 санкција за управување без возачка дозвола, 38 од нив наменети за технички и неисправни и нерегистрирани возила, 85 за непрописно паркирање на возила и 23 за неносење на заштитна маска“, посочуваат во соопштението од МВР.
Од МВР затоа повикуваат граѓаните да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи, пред се за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и потенцираа дека тие ќе имаат засилени сообраќајни контроли во деновите кои следат.