Во рамки на поликлиниката Букурешт, на предавањето на возилата присуствуваа министрите за одбрана и за здравство, Радмила Шекеринска и Венко Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека денеска комисијата за заштита од заразни болести ќе дискутира за евентуално воведување на нови рестриктивни мерки за заштита од ширењето на Ковид-19.
„Тоа што би можело евентуално дополнително да се предложи е целосно затворање на некои економски оператори кои во овој момент функционираат и ограничување на движењето, дали во текот на попладневните или вечерните часови или за време на викенд, но според утринската координација што ја имавме сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја пратиме епидемиолошката ситуација и ако треба ќе носиме одлуки. Но, и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час“, истакна Филипче.
Како што на крајот додаде, здравствениот систем во моментов се наоѓа под голем притисок и ситуацијата е критична.