НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ОД ФУДБАЛСКИ МЕЧ ВО СРБИЈА: Преполни трибини слават како да нема пандемија! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
218 прегледи

На мрежите се шири видео од Велики Трновац, место на самиот југ на Србија. Имено, на натпреварот одигран минатиот викенд помеѓу Трновац и Лугина, трибините на стадионот беа скоро полни. Ако ситуацијата беше нормална, можевме само да го пофалиме големиот број на гледачи и одличната атмосфера на стадионот, бидејќи фудбалот се игра заради навивачите.

Сепак, бидејќи е во сила забраната за присуство на публика на фудбалски натпревари во Србија, останува нејасно како е можно да се случи вакво нешто? Дали е тоа „селективна правда“? Како мерките донесени од Владата на Србија не важат за некои?

Очевидци велат дека ниту еден член на органите за спроведување на законот не бил присутен на овој натпревар. Веруваме дека барем делегат имало на натпреварот, но останува мистерија дали и што, ако е така, забележал во своите записници. Инаку, ова е дуел на екипи од Пчињската окружна лига, одигран во селото Велики Трновац во општина Бујановац.

Гостинот, екипата на Лугина, е од соседното Прешево.

https://www.youtube.com/watch?v=DCDRcl6pNpY&feature=emb_title