290
Граѓаните со автомобили и развиорени знамиња го започнаа славењето на пласманот на нашата фудбалската репрезентација на Европско првенство.
Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил ги повика граѓаните пласманот на Европското првенство да го слават со почитување на мерките.
По победата на нашата фудбалска репрезентација над Грузија, Филипче на својот фејсбук прифил напиша дека ова е голем ден за заслужено славје, но сепак ги замолува граѓаните тоа да биде со почитување на мерките за заштита.
„Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација“, напиша Филипче.