Српскиот епидемиолог Предраг Кон вечерва изјави дека епидемијата на коронавирус мора да се запре и дека тоа е можно само ако се скратат контактите.
Во специјалното шоу на РТС, Кон рече дека мерките, доколку се сфатат сериозно, тогаш треба да бидат временски ограничени и треба јасно да се наведе дека ќе траат две недели, за да видиме какви ќе бидат резултатите.
Тој изјави дека денес не биле донесени мерки, дека премиерката добро слушнала што се предлага и дека рекла дека ќе размисли за тоа.
„Сега сме на некакво донесување одлуки, премислување“, рече Кон и додаде дека се бара рамнотежа и што е најповолно.