Една одлука во корист на Трамп – Судот во Пенсилванија пресече

Судот во Пнесилванија донесе одлука да не брои некои од гласачките ливчиња, пратени по пошта кои не го потврдиле својот идентитет пред 9. ноември. Питсбург Пост пишува дека е ова една мала победа за кампањата на Трамп.

Според пишувањата на весникот, Претседателката на Судот на Комонвелтот, судијката Мери Хана Ливит, во четвртокот донесе одлука дека државниот секретар на Пенсилванија, Kathy Boockvar, не постапила правилно кога дозволила да се бројат гласачките ливчиња за лица кои идентификацијата ја потврдиле подосна од 9 Ноември односно до 12 Ноември.

Ако рокот се пресметува како што е напишан статутот за изборите кои се одржаа на 3 Ноември, тогаш рокот за гласачите да го потврдат својот идентите е најдоцна до понеделник, 9 ноември 2020 година, а не 12 ноември 2020 година“, напиша Тимот кој ја води кампањата на Трамп во поднесокот на судот, со што се согласил и Судијата Ливит.

Не е јасно колку ливчиња ќе бидат дисквалификувани поради пресудата – Стејт департментот на Пенсилванија одби да го даде тоа.

Ова е мала победа за Трамп, но голем триумф со кој потврдува дека има изборни нерегуларности кои можат да влијаат во државата која е клучна и одлучува за победникот на овие избори.

Слични содржини