Ефекти од мерките и намалување на заразени од Ковид по две недели, очекува Филипче

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Во наредните две недели се очекува воведените мерки да дадат ефект и бројките на новозаразени од Ковид-19 да стабилизираат, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче при посеата на гостиварската болница.

– Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во коијшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави Филипче.

Додаде и дека поставувањето на КОВИД-центрите ќе зависи од подготвеноста на локалните власти. Постапката во проектната единица на Светската банка заврши, сега се потпишуваат договорите и почнуваат подготвителните работи, вели тој.

-Секаде каде што се подготвени локалните власти со обезбедување да се постават болниците, по тој редослед и приоритет ќе се поставуават. Тие КОВИД-центри не се само објекти, туку се целосно опремени немедицински и медицински за да третираат пациенти, истакна министерот.

Слични содржини