Ибраими: Моја лична одлука беше пеењето на албанската химна на 27 април

од Берта Китинска
341 прегледи

Поранешниот пратеник Зекирија Ибраими  денеска во Кривичниот суд во Скопје сведочеше за настаните од 27 април 2017 година во македонското Собрание.

-Моја лична одлука беше пеењето на албанската химна, тоа не бeше прекршување на Деловникот, јас како заменик-координатор имав право на процедурално обраќање.Јас појаснив во сведочењето дека не е во спротивност, бидејќи јас на тој начин го изразив мојот протест од начинот на водење на пленарната седниц, рече Ибраими.

Тој во своето сведочење рече дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање, тоа го направил неколку пати од собраниската говорница.

Судењето продолжува во понеделник со сведочења на пратеници од претходниот парламентарен состав.

Слични содржини