Стојановски: Говорот по победата на Македонија беше кажан од срце

од Берта Китинска
425 прегледи

Спортскиот новинар Тони Стојановски,  кој предизвика лавина коментари во јавноста со својот говор на синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Северна Македонија, за „Фактор“ вели дека тоа што го искажал не било однапред подготвено и било кажано од срце.

– Им благодарам на сите за поддршката, се уште не можам да им одговорам на сите, реакциите се многубројни. Благодарен сум и за негативните критики кои не се испоганети. Единствено добив само една закана од лице кој, како што можев да видам, имаше партиска иконографија на својот профил, ни рече Стојановски.

ТВ-коментаторот на националниот сервис вели дека во она што го искажал немало ниту партиска, ниту политичка позадина, ниту пак дека добил некакви инструкции од раководството на „Мкедонската радиотелевизија“.

– Тоа е мој личен став, тоа не може да се објасни, особено на оние кои не го препознааваат овој успех. Ова е голем чекор на изградба на нација, која не се гради во Пржино. Ова не е само фудбалки пласман, туку многу повеќе од тоа. Не сум член на политика партија и нема да бидам. Јас не сум херојот на вечерта, тоа се македонските фудбалери, а апелот мој до вжештените глави е да го слушнат и воведот и крајот на преносот и ако можат нешто да научат, вели Стојановски.

 

Слични содржини