Филипче: На сите ни фали физичкиот контакт и гушкањето, но мора да издржиме уште малку

од Берта Китинска
343 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил пишува дека на сите ни недостасува физичкиот контакт, но мора заеднички да издржиме уште малку додека трае пандемијата.

-Одржувањето на физичка дистанца е најсигурниот начин за заштита од коронавирусот, но истовремено и најтешкиот. На сите ни фали физичкиот контакт и гушкањето со пријателите и блиските, но мора да издржиме уште малку. Сепак ова не значи дека треба да се одалечиме, напротив потребно уште повеќе да се слушаме, да разговараме и да одржуваме комуникација со блиските. Ви благодарам на сите што ги почитувате мерките, пишува Филипче.

Слични содржини