Една нова научна студија открива дека истата мутација што му овозможи на вирусот САРС-КоВ-2 толку многу да се шири низ целиот свет меѓу човечката популација е всушност неговата слаба точка, на која треба да се цели во иднина.
Еден од видовите на новиот коронавирус, моментално најчест во светот, се нарекува D614G. Тестирајќи на заморчиња, научниците од Универзитетот во Северна Каролина и Висконсин-Медисон откриле дека овој специфичен вид на нов коронавирус се размножува побрзо и се шири полесно од оригиналниот коронавирус – D614G е десет пати помоќен од оригиналниот вирус, сето тоа поради неговата подобрена способност за инфилтрирање на неговиот шилест протеин, кој му дава изглед на круна и со кој влегува во човечките клетки.
Според споменатата студија, Ковид-19, кој предизвикува D614G, се шири побрзо, но предизвикува помалку тешка болест од оригиналниот вирус и е почувствителен на лекови, вклучително и терапија со антитела.
Во експериментот, оригиналниот тип на вирус САРС-КоВ-2 и неговата мутирана варијанта беа тестирани за да се утврди сериозноста на симптомите на заразата по инфекцијата, како и инфективноста.
Здравите заморчиња беа ставени во специјални кафези покрај оние со заразени заморчиња и поврзани со заедничко снабдување со воздух, а резултатите беа повеќе од јасни по два дена.
Оригиналниот тип на нов коронавирус не бил пренесен на здрави заморчиња дури и по два дена, додека D614G инфицирал шест од осумте здрави заморчиња во истиот временски период.
Тимот откри дека всушност оваа голема зараза од мутиран тип може да биде нејзината најранлива точка, бидејќи отвора мал влез на еден од шилестите протеини, што ја зголемува неговата способност да се инфилтрира во човечката клетка, но го остава јадрото на вирусот изложено на потенцијално надворешно дејство. Ова го прави лесна мета за соодветни антитела, како што се оние што се наоѓаат во веќе постоечките вакцини.
Сепак, мутациите во новиот коронавирус се непредвидливи и бараат дополнително истражување.