Градските инспектори на терен: Изгасен оган на отворено предизвикан од палење кабли и гуми

од Берта Китинска
209 прегледи

Инспекторат на град Скопје во акција спроведена вчеравечер во близина теќето во Топанско Поле, интервенираа на сузбивање на оган на отворено, намерно предизвикан со палење кабли и гуми, информираат од Геад Скопје.

„Пожарна Скопје го изгаси огнот со брза интервенција, а во акцијата е запленета поголема количина на бакар. Сторители на лице место не се затекнати Контролите против палењето огнови на отворено периодов ќе продолжат да се реализираат со зголемен интензитет. Изминативе денови, зачестена е појавата на намерно запалени огнови на отворено. Дежурните градски тимови интервенираа на огнови на отворено во неколку наврати на Вардариште, Маџари и Горно Лисиче“, велат од градот.

Градот Скопје апелира граѓаните штом забележат оган на отворено, да не чекаат туку веднаш да го пријават на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат.

Слични содржини