Маските со отвори за вентилација не спречуваат ширење на коронавирус

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Физичкото растојание, редовното миење на рацете и носењето заштитни маски досега се покажаа како најдобри превентивни мерки во борбата против ширењето на коронавирусот. Ова се упатства што секој треба да ги следи во моментот на епидемијата, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Но, додека маските станаа ефикасна алатка во борбата против коронавирусот, неодамнешното истражување покажа дека ако маската има отвор за вентилација, таа нема да биде ефикасна против Ковид-19.

„Целта на маските е да се спречи ширењето на респираторните капки на други луѓе. Сепак, маските со еднонасочни вентили или отвори за вентилација овозможуваат издишување на воздухот, што може да резултира со исфрлање на респираторни капки што можат да стигнат до други луѓе. Овој тип на маска не спречува да се шири Ковид-19 на други“, се наведува во упатствата на ЦДЦ.

Оттаму не препорачуваат употреба на маски кои имаат некаков вид вентил или отвор за вентилација. Компанијата 3М, која произведува такви маски за градежни работи, покажа како функционираат овие маски. Вдишаниот воздух се филтрира низ дел од маската направена од ткаенина, а топлиот, влажен здив се издишува низ отворот. Овие маски можат да помогнат кога, на пример, вршат реновирање во кујна, но нема да помогнат многу во контролата на инфекцијата.

Експертите за јавно здравје препорачуваат носење маски за да се спречи ширењето на капки што ги издишуваме или исфрламе кога зборуваме, кашламе и киваме. Но, маските со вентили ги пропуштаат овие капки. Од друга страна, медицинските маски немаат такви отвори.

ЦДЦ препорачува носење обични маски изработени од ткаенина. Ако маската има неколку слоеви памук, ова ќе спречи исфрлање на потенцијално заразни капки за дишење. Големите американски авиокомпании забранија маски со вентили, а последната компанија што го стори тоа беше „Американ ерлајнс“, пренесува „Вашингтон пост“.

За платнената маска да биде ефикасна против вирусот, не заборавајте да ја перете редовно. Ако користите медицински маски, редовно менувајте ги.