Бројот на заразени продолжува да расте: Нов рекорд во Србија

од Берта Китинска
138 прегледи

Во Србија денеска беа регистрирани 3.822 новозаболени лица и починаа 17 лица.

Ова е најголем број новозаразени во еден ден досега во Србија.

Расте и бројот на хоспитализирани, а надлежните апелираат до граѓаните да се грижат затоа што се намалува бројот на места во болниците.

Епидемиологот Предраг Кон ги објави мерките предложени од медицинскиот дел на Кризниот штаб.

„На сите им беа дадени упатства како да работат, кафулиња, салони, градинки – да спроведат мерки. Маските се задолжителни во затворен простор, предложивме на отворено, особено во пешачки зони. Предложивме да го скратиме работното време на објектите на два часа за две недели, каде што луѓето се собираат навечер “, рече д-р Предраг Кон во петокот.

Слични содржини