Бројот на лица заразени со коронавирус во светот надмина 54 милиони, а за само два дена беа заразени еден милион луѓе.
Според веб-страницата „Worldometers“, 54.023,90 лица биле заразени со коронавирус во светот, а 1.313.817 починале.
Повеќе од 15 милиони случаи во моментов се активни во светот.
Од почетокот на пандемијата, која започна на крајот на декември минатата година во кинескиот град Вухан, коронавирусот е регистриран во 219 земји и територии.
Најголем број на пациенти и најголем број на смртни случаи од последици од коронавирус има во Соединетите држави, каде што се заразени повеќе од 11 милиони луѓе, а 250.000 починаа.
Следат Индија со 8,7 милиони, Бразил со 5,8 и Франција и Русија, кои се приближуваат кон билансот на два милиони заразени.
Шпанија, Велика Британија, Аргентина, Колумбија и Италија имаат повеќе од милион пациенти.