ТРАМП: Мојата изборна победа ќе стане очигледна за две-три недели!

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во интервју за „Вашингтон егзаминер“, објавено на 13 ноември, Доналд Трамп изрази верување дека по сумирањето на конечните резултати од изборите, тој ќе биде прогласен за победник во голем број клучни земји.

Тој истакна дека ова ќе го реши исходот на целата трка и изјави дека тој ќе биде победник на изборите во државите Висконсин, Аризона, Џорџија, Северна Каролина, Мичиген и Пенсилванија.

На новинарско прашање – колку брзо може да се случи таков пресврт, Трамп рече: „Не знам. Веројатно за две недели или три недели“.

Весникот од Вашингтон додаде на текстот на разговорот и своја забелешка дека Трамп ја разбира неговата позиција: „Слушнал многумина како велат сè е готово и го повикуваат да признае „пораз“. Сепак, Трамп, барем засега, нема да го следи ваквиот совет. По тој повод, тој ни рече: „Никогаш не се обложувајте против мене“.

Потоа, за време на брифингот во Белата куќа, Трамп ветил дека сите Американци ќе можат да ја добијат вакцината за коронавирус во април.

Во тој контекст, тој дозволи можност следната американска администрација да не ја раководи тој, туку Џо Бајден: „Оваа администрација, што и да се случи понатаму, нема да ги затвори Соединетите држави. И нема да биде нова, ако јас ја водам“.

А новинарското прашање – дали е подготвен да признае „изборен пораз“ – го оставил неодговорено…