165
Премиерот Зоран Заев денеска донираше амбулантно возило за потребите на струмичката болница.
„Фирмата во сопственост на моето семејство денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015, целосно во исправна состојба, ќе ги служи граѓаните децении. Секако нашата надеж е дека ќе има се помалку причини за тоа возило да се користи и дека ќе има се помалку луѓе кои ќе имаат потреба. Но, кога ќе има потреба посакувам да се користи со здравје и со среќа за сите граѓани од овој регон,“, рече Заев.