Османи: Ќе работиме до последен момент за решение со Бугарија, Македонија нема алтернатива од европскиот пат

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека се додека постои простор, постои и можност да се разговара и да се рефлектира приближувањето на ставовите меѓу С. Македонија и Бугарија, но одлуката ќе биде донесена во Советот на министри на Европската унија.

– Нашата политика е дека ќе работиме до последниот момент од овој обид за носење одлука на Советот за општи прашања, но и за другите Совети. Ние немаме алтернатива од европската агенда. Не можам да кажам кој ќе биде исходот. Очигледно дека во Република Бугарија се понагласено се зборува за неприфаќање на рамката од нивна страна, но ние ќе продолжиме да работиме, да разговараме не само со Република Бугарија, туку со сите земји – членки, бидејќи немаме алтернатива од европскиот пат, истакна Османи.