304
Противниците на ограничувачките мерки во неделата вечерта се судрија со полицијата во Рим, барајќи укинување на карантинот што беше воведен поради ширењето на коронавирусот.
Лутите демонстранти се судрија со полицијата во Рим задолжена да ги растури демонстрациите, извикувајќи пароли, пеејќи и палејќи факели за да изразат несогласување со затворањето на градот, пишува „Дејли меил“.
Тие носеа италијански знамиња, транспаренти, а еден свештеник што минуваше покрај плоштадот ја поздрави толпата.
Во Италија, бројот на луѓе кои се заразени со коронавирус продолжува да расте, Во неделата биле регистрирани 33.900 новозаразени, а 546 лица починале.