Министерството за здравство прави Вонреден инспекциски надзор во Штипската клиника

537 прегледи

Вонреден инспекциски надзор, во моментов се спроведува од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Имено, ова е спроведува врз база на 41. годишната пациентка, односно нејзината смрт на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, која предизвика бурни реакции во јавноста. За овој надзор информираше Министерството за здравство.

Барањето за ваквиот надзор е и од страна на директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгијев, во врска со третманот на пациентката во одделението.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип. По завршениот надзор, јавноста ќе биде навремено информирана“, пишува министерот Венко Филипче.

Инаку, Михаела Довичинска, ќерката на починатата пациентка, синоќа на својот фејсбук профил обвини за третманот кој како што вели не бил соодветен, со оглед на тоа дека не успеала да добие ниту едно медицинско лице за да и донесе боца кислород во нејзината соба и тоа во нејзините последни мигови, кога истата боца и била потребна за да преживее.

„Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа мои зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна…Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам јас сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини неуспешни обиди да го добие дежурниот медицински персонал на истиот број на кој се јавуваат луѓе од цела држава за да добијат информација за своите најблиски“, пишува во ФБ статусот.

Слични содржини