Денес, во Берлин шефот на германската дипломатија, Хајко Мас присуствуваше на доделувањето на аградата за човекови права за 2020. која ја понесе премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев
Мас посочи дека имал чувство дека приближувањето до ЕУ ќе биде подолг процес од очекуваното, но како што вели, Заев иако прими удари, не скршнал од европскиот пат.
Тој додаде и дека Заев е владетел како што вели, на надеж на една цела генерација, која повеќе не се занимава со национализам, иако наидува на блокади и од страната на оние на кои им е подраго минатото отколку иднината.
„Драг Зоран ти си влевател на надеж на една цела генерација на која им беше доста од национализам и со политика која беше конфронтирана која беше насочена повеќе кон минатото отколку кон иднината. Ти стана предводник на едно национално единство и врската со Европа. Ти ја зајакна правната држава и се бореше за независно судство, корупција, донесе достоинство… и тоа беше првиот чекор до патот на Европа. Ти си влевател на надеж во многу нерешени конфликти на овој свет, чест ми е да ја врачам наградата на еден реформатор, далекуглед политичар и пред сè Европеец“, истакна Мас во своето обраќање.
На крајот посочи и дека во март Советот на ЕУ ќе даде конечно зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија, но за тоа да се случи потребен е договор со Бугарија, идентичен како и оној со Грција.
Добро е што како соседи, двете земји копретседателствуваа со Берлинскиот процес и постигнаа значајни резултати, како што е заеднички економски пазар. За граѓаните е важно дека тоа е нешто конкретно, а не апстрактно, заклучи Mас.