418
За време на последната рунда на тестирање на фудбалери и членови на тимот во англиската Премиер лига, пронајдени се 16 позитивни на коронавирус.
Како што беше објавено вечерва од Премиер лигата, тоа е најголем број пронајдени позитивни тестови за една недела од почетокот на тестирањето во јуни, кога сезоната продолжи по тримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус.
Од 9 до 15 ноември беа тестирани 1.207 фудбалери и членови на тимот. Меѓу нив нема фудбалери кои ги напуштија клубовите и играа за своите репрезентации претходните денови.
Сите заразени мора да бидат изолирани од нивните тимови 10 дена.