Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Делчево – Македонска Каменица

од Берта Китинска
274 прегледи

Вчеравечер околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма на регионалниот пат Делчево – Македонска Камениц се случи тешка сообраќајна несреќа при директен судар на две возила – „волво“ и „цитроен“.

Во сообраќајката  повредени се  двајцата возачи. Според Итната медицинска помош, едниот починал на пат кон болница, а другиот е хисптализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата и притоа сообраќајот бил во прекин околу еден час.
Дополнителни информации се најавени за во текот на денов. Учесниците во несреќата се жители на општина Македонска Каменица.

Според информации на полицијата, синоќа имало уште една несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица кај месноста Боришјето, каде што возило излетало од патот.

Слични содржини