Штајнакер: Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија

од Vladimir Zorba
351 прегледи

Барањата на Бугарија кон Северна Македонија се дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешнополитички мотивиран потег. Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија, пишува Гудрун Штајнакер, поранешен заменик германски амбасадор во Бугарија од 2006 до 2009 и амбасадор на СРГ во денешна Северна Македонија од 2011 до 2014, како и соработник на германската амбасада во Норвешка од 1991 до 1995, за ДВ.

Според неа, барањата на Бугарија кон Северна Македонија се „дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешнополитички мотивиран потег“.

– Со ова мора да му се даде за право на првиот човек на тинк-тенкот Европска иницијатива за стабилност (ЕСИ), Гералд Кнаус, кој одлучно бара разликите во ставовите околу националните прашања, историја, идентитет, вклучително и национален јазик, да не смеат да се користат за попречување на зачленување во ЕУ, вели Штајнакер.

Поради тоа, продолжува таа, Сојузната германска влада мора да го искористи претседателствувањето со ЕУ, да апелира врз разумот на бугарската влада, особено на „партискиот пријател“ во ЕНП, премиер и претседател на ГЕРБ, да си ја преземат својата одговорност кон Европа и полемиките околу историјата и јазикот да им ги препуштат на експертите.

– Наместо ова, Борисов и неговата политичка елита во Бугарија треба повеќе да се погрижат за тоа конечно да си ги завршат домашните задачи во борбата против корупцијата и криминалот, смета Штајнакер.

Слични содржини