399
„Стратегиска грешка е бугарското вето на С. Македонија за почеток на разговорите за членство во ЕУ“, изјавил поранешниот премиер Владо Бучковски во интервју за ТВ Европа.
„Се надевавме дека европска Бугарија ќе го европеизира Балканот, но за жал, видовме балканизација на Европа. Говор на омраза во Македонија има, но тој не доаѓа од владејачката партија, туку од опозицијата и нејзините медиуми. Има политичари од Бугарија кои го злоупотребуваат македонското прашање, што ги попречува нашите билатерални односи“, вели Бучковски.
Според него, изгубена е една битка, но не и војната за нашата иднина.
„Нема логични причини за одложување на одлуката за почеток на преговори меѓу С. Македонија и ЕУ. Договорот мора да успее“, смета поранешниот премиер.