Изборниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп дал три милиони долари за пребројување на гласовите во два окрузи во сојузната држава Висконсин, каде што тој тврди дека се забележани „најлошите неправилности“, иако тамошните власти наведуваат дека нема докази за тоа.
Трамп плати за пребројување на гласовите во окрузите Милвоки и Дан и планира денес да ја достави потребната документација за да започне постапката за пребројување.
Во тие две изборни единици, противникот на Трамп, демократот Џо Бајден, доби повеќе гласови. Според податоците доставени од локалните власти, Бајден освоил 577.455 гласови во тие две области, а Трамп 213.157. Патем, Бајден победи во целата држава Висконсин.
Пребројувањето може да започне утре доколку се одобри постапката.
Иако Трамп и другите републиканци тврдат дека имало неправилности, изборната комисија во Висконсин и локалните власти тврдат дека нема извештаи за некои поголеми проблеми или прекршувања.