Светсксата здравствена организација изрази задоволство од напредокот во рамки на пронаоѓање на вакцината која ќе биде соодветна против Коронавирусот.
Притоа СЗО нагласи дека безбедните и ефикасни вакцини се моќно средство во битката која светот ја води против Ковид 19.
„СЗО го поздравува објавувањето на резултатите за ефективноста на кандидатот за вакцина Фајзер и Бионтек, особено за нејзината ефикасност кај постарата популација, што е најризично“, соопшти организацијата на Твитер.
Исто така, се потенцира и дека милијарди луѓе имаат навистина потреба од вакцина, со која би се спречило продлабочување на пандемијата.
„Потребни ни се неколку безбедни и ефикасни вакцини за да ги задоволиме потребите и да го смениме текот на пандемијата“, се вели во соопштението. Во него се истакнува дека „колку повеќе кандидати за вакцина се развиваат, толку се поголеми шансите за успех“.