Владата на Доналд Трамп, се чини, се обидува да создаде проблеми за идниот претседател.
Имено, во понеделникот беше објавено дека ќе започне формалниот процес на продажба на правото за извлекување нафта во Националниот резерват за флора и фауна во Арктикот на Алјаска, знаејќи дека Бајден се противи на употребата на фосилни горива во заштитените области.
Целиот процес би можел да заврши пред 20 јануари, што би го довело идниот претседател во ситуација да реагира предоцна, а тоа ќе стави нови проблеми пред неговата администрација, што се чини дека е планот на администрацијата во заминување.
Дека Трамп сака да му задави главоболки на Бајден, можеби најдобро говори и веста објавена од американските медиуми дека Трамп, на состанокот во Белата куќа во четвртокот, се распрашувал за опциите за напад врз иранската нуклеарна програма.
Бајден упати уште еден повик за уредна транзиција, ово јпат се фокусираше на прашањето за спасување животи.
– Дали некој го разбира ова? Станува збор за буквално спасување животи, не е претерување – рече Бајден, зборувајќи за потребата од транзиција и посочи дека „луѓето можат да умрат ако нема координација“.
Неговите советници наведуваат дека одбивањето на Трамп да признае пораз значи и дека тимот на Бајден е исклучен од планирање на стратегијата за вакцинација. Нарекувајќи ја дистрибуцијата на вакцините како „огромен потфат“, Бајден рече дека неговиот тим ќе доцни „еден месец, месец и половина“ доколку треба да почека до инаугурацијата за да започне да работи на тоа.