„На располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни клиники, болници и кадарот во нив. И многу брзо ќе направиме план за работа денес по предлогот за кризна состојба, со оглед на тоа дека ова е првпат да се воведе ваква состојба во оваа држава“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче по завршувањето на седницата на Советот на безбедност.
На новинарско прашање дали во истиот момент ќе се побара помош од персонал од приватните клиники и дали пациентите ќе можат да го користат приватното здравство како државно, Филипче вели:
„Имаме план во овој момент, но не е исклучено да се побара кадар. Апсолутно сите ресурси ќе ги земеме предвид, како болничките капацитети и така и кадри“
Идентично на тоа, Филипче одговори и дали ќе се формираат нови ковид центри
„Целосна мобилизација се прави. Интерните се во центарот, каде има еден спрат слободен, се планира да се стават во функција и дополнителни капацитети во 8.септември“, посочи министерот за здравство.