МВР соопштува дека човечки труп бил пронајден вчера во околу 09:30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на село Очипала, делчевско.
„Телото било пронајдено од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево. Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, велат од Министерството.