ВМРО-ДПМНЕ: Лажна е веста дека УМС го пали бугарското знаме

од Nikola Popovski
405 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ излезе со демант на веста дека подмладокот на партијата од Гази Баба го пали бугарското знаме.

„Станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ стои зад тој фб канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го отргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на ветото од источниот сосед.

Одговорно тврдиме дека зад ваквата конструкција стои власта на Зоран Заев и ова е една капка од морето невистини и дел од клеветничката црна пропаганда против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Таа црна пропаганда е насочена кон Мицкоски зошто тој е најголемата закана за измамникот Заев и СДСМ.

Одговорно тврдиме дека пред да се објави оваа лажна вест не е контактирана ВМРО-ДПМНЕ за став. Бараме повлекување на веста и извинување од порталот во спротивно ќе бидеме приморани да покренеме соодветна правна постапка.

Очигледно црвениот телефон од владата е вжештен и нападите и цензурата се секојдневие“, стои во партиското соопштение.

Слични содржини