432
Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска ќе побараат од американските власти итно одобрување за нивната вакцина против коронавирус.
Американскиот министер за здравство Алекс Азар изјави дека компаниите денес ќе побараат одобрување за итна употреба од Администрацијата за храна и лекови.
Барањето на „Фајзер“ и „Бионтек“ и податоците за клиничкото испитување треба да ги разгледа независен научен комитет.
Американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ пред два дена објавија дека нивната вакцина против коронавирусот е повеќе од 95% ефикасна во финалната анализа на масовното тестирање во фаза три.
Соединетите држави планираат да започнат со употреба на вакцините до крајот на годината.