234
Во Русија во последните 24 часа се регистрирани над 24.000 случаи на инфекција со ковид 19, објави Оперативниот штаб за борба против ширењето на коронавирусот.
Како што е прецизирано, на територијата на целата Руска Федерација вчера биле потврдени 24.318 случаи на коронавирус во 85 региони.
Најмногу заразени биле откриени во Москва – 6.902 и Санкт Петербург – 2.394.
Во истиот период починало 461 лице.
Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани 2.039.926 случаи на коронавирус, од кои починале 35.311 лица.
Во последните 24 часа од коронавирус се опоравиле 24.758 лица, а од почетокот на пандемијата на коронавирусот се излечиле вкупно 1.551.414 лица.