Патник во рускиот град Санкт Петербург бил избоден со нож по расправија во автобус со двајца патници кои одбиле да носат маски за лице, објави денес новинската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на полицијата.
Снимките од автобусот, објавени од веб-страницата „Фонтанка.ру“, покажуваат како жртвата се расправа со мажот и жената кои седат пред него поради фактот што тие не носат маски.
Неговите коментари го охрабрија човекот кој седеше да стане нагло и да ѝ се развика на жртвата. Жртвата потоа со тупаница го нападнала мажот кој не носел маска пред да побегне. На видеото се гледа како мажот без маска трча по него на улица.
Не носишь маску – получай нож в спину 🤯
В Ленинградской области спор из-за ношения масок вышел на ужасающий уровень: в маршрутке мужчина попросил пассажиров надеть СИЗ и получил за это нож в спину.
Сообщается, что инцидент произошел вечером 17 ноября, когда было найдено pic.twitter.com/wRMf0D4J6N
— 𝕾𝖊𝖗ё𝖌𝖆 𝕾𝖍𝖚𝖘𝖙𝖔𝖜 . (@mehanick36) November 20, 2020
Телото на жртвата, кого „Интерфакс“ го идентификуваше како 53-годишен маж од периферијата на Санкт Петербург, беше пронајдено со убодна рана во грбот во вторникот вечерта, објави новинската агенција.
Двајцата осомничени биле приведени следниот ден и покрената е кривична истрага.