Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Чешка двојно се зголеми во текот на ноември и надмина 7.000, според податоците на Министерството за здравство.
На крајот на октомври, Чешка потврди 3.523 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус, а до денес тој број се искачи на 7.021, пренесува Ројтерс.
Властите соопштија дека уште 5.809 пациенти се заразени со коронавирус во земјата од последниот пресек, што е скоро двојно помалку отколку на крајот на октомври и почетокот на ноември, кога беа потврдени највисоките дневни салда од бројот на нови случаи.
Бројот на хоспитализирани пациенти се зголеми за 6.307, што е за 1.976 помалку отколку на 6 ноември, кога најголем број луѓе беа примени во болници за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во Чешка, една од најтешко погодените од пандемијата во Европа, бројот на нови случаи и хоспитализирани пациенти опадна, поради што властите одлучија да ублажат некои ограничувања.