Заев: Негуваме европски вредности со почитувањето на јазикот и писмото на секоја една заедница

331 прегледи

За сите Албанци, денот на создавањето на албанската азбука има посебно значење. Идентично, овој датум е значаен дел од историјата на Албанците и во нашата заедничка историја. Ова го посочи премиерот Зоран Заев во својата официјална честитка по повод Денот на албанската азбука.

„Во градот на конзулите, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржал од 14. до 22. ноември 1908. година, се собрале голем број истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот од почетокот на 20. век.

Претседателот на Конгресот, Мит’хат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Ќиријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта, како и единствената жена на Конгресот Парашќеви Ќиријази, која подоцна ќе го напише првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден. Денеска, во Музејот на албанската азбука во Битола, се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462. година, се вели во честитката.

Азбуката, заедно со албанското писмо и стандардизирање и унифицирање на истите, станува дел оод модерно формираните и рамноправни европски писма, како и дел од разноликото богатство на светското културно налседство.

„Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во Европската Унија“, стои во честитката.

Претседателот на Владата, Зоран Заев потенцира и дека ја потврдуваме заедничката определба за унапредување на енитчката и културната разноликот, односно богатството на С. Македонија, во рамки на чествувањето на Денот на албанската азбука.

Тој упати и порака до сите граѓани на земјава дека моделот за иднината започнува со почитувањето на сите народи и етнички заедници и оти тоа е европски и наш начин.

Слични содржини