Воспоставениот систем во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира. Дава резултат во поголем број на оздравени пациенти, но и доволен број на слободен кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто да не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата, вели министерот за здравство Венко Филипче.
На состанокот со директорите на повеќе клиники, но и со директорот на ГОБ „8 Септември“ тој разговарал за состојбата на пациентите хоспитализирани во ковид одделенијата, бројот на слободни кревети и дали здравствените работници имаат дополнителна потреба од заштитна опрема за работа.
Притисокот врз болниците ќе продолжи и во следните месеци. Од клучна важност е сите да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, додаде тој.