Медведев е новиот крал на Лондон

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Данил Медведев го освои трофејот на финалето на АТП-турнејата во Лондон за прв пат во кариерата.

Рускиот тенисер по голема борба и 162 минути игра го совлада Австриецот Доминик Тим со 4:6, 7:6 (2), 6:4.

Тој стана четвртиот тенисер кој ги освоил првиот, вториот и третиот играч во светот на овој турнир, и ова секако е најголемата титула во неговата кариера.

Тој пристигна во Лондон со трофеј од Мастерсот во Париз, играше навистина добро во Лондон и апсолутно заслужи да има големо славје.

Беше награден со 1,56 милиони долари, а бидејќи не беше поразен на турнирот, заработи максимум 1.500 поени.