Истакнатиот сојузник на Доналд Трамп го повика да се откаже од напорите да го оспори изборниот пораз што го претрпе на претседателските избори на 3 ноември од демократот Џо Бајден.
Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, го нарече правниот тим на претседателот „национална срамота“.
Трамп одби да ги признае изборите, изнесе неосновани обвинувања за распространета изборна измама.
Многу републиканци ги поддржаа неговите законски напори, но веќе станува сè поголем и бројот на републиканци кои не се согласуваат.
Во саботата, Трамп претрпе голем удар во Пенсилванија, откако судијата ја одби тужбата за кампањата на Трамп, која имаше за цел да поништи милиони гласови испратени по пошта во таа држава.
Во пресудата, судијата рече дека на неговиот суд му биле презентирани „правни аргументи без основи и шпекулативни обвинувања“.
Овој потег го отвора патот Пенсилванија да ја потврди победата на Бајден подоцна во понеделникот – избраниот демократски претседател води таму со повеќе од 80.000 гласови.
Сепак, кампањата на Трамп ја обжали пресудата.
Се предвидува дека Бајден ќе добие 306 електорски гласови, а Трамп 232. Тоа е многу повеќе од 270 изборни гласови што му се потребни за да ги добие.