Државата времено се откажува од инвестициите во Белене, ќе се инвестира во гасна електрана во Александропулос

од Nikola Popovski
435 прегледи

Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, соопшти дека државата дека времено се откажува од инвестцијата во бугарската нуклеарна централа Белене.

„Земјава ќе се насочи кон гасната електрана близу терминалот на течен природен гас Александропулос во Грција. Тоа е електрана со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 проценти и до 200 мегавати со што значително ќе се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно прозводство на електрична енергија“, изјавил Ковачевски.

Инаку Бугарија неколкупати ја најавуваше и одложувааше оваа инвестиција, за која интерес покажа и претходната владејачка гарнитура.