Трговците во Европа се борат да ги преживеат блокадите

од Vladimir Zorba
415 прегледи

Во овој период од годината, Јенс Бегешке обично се подготвува да ја продаде својата палета на рачно изработени фенери од хартија на клиенти кои ги посетуваат божиќните пазари во Германија. Сепак, вториот бран на коронавирус доведе до откажување на скоро сите 3.000 празнични пазари во Германија. Ова целосно ги поништува неговите планови и ја доведува во прашање судбината на илјадници бизниси како неговиот, пишува „ФТ“ во својата анализа.

„Нарачавме производи од нашите добавувачи во Индија во февруари, така што не можевме тогаш да знаеме какво влијание ќе има вирусот“, рече Бегешке, кој ја води продавницата „Sterne vom Himmel“ во изминатата деценија. Иако веќе неколку години продава преку својата веб-страница, тој се сомнева дека нарачките преку Интернет ќе ја надоместат загубата на поголемиот дел од неговиот бизнис, што обично доаѓа во овој период од годината.

„Целосно се потпираме на божиќните базари. Загрижен сум дека нашите добавувачи можат да банкротираат ако не порачаме ништо следната година“, додаде тој.

Низ цела Европа, трговците ги повикуваат владите да ги укинат блокадите за да го спасат клучниот период за купување помеѓу промоциите на „Црн петок“ на 27 ноември и Божиќ. Овие четири недели генерираат 20-50% од годишната продажба за многу трговци со непрехранбени производи, според „Eurocommerce“, асоцијација за трговија на мало на ЕУ.

Најновите блокади, кои затворија несуштински продавници во голем број европски земји и го ограничија движењето и социјалната интеракција, ќе ја направат оваа година „особено предизвикувачка“, вели Кристијан Вершурен, извршен директор на „Eurocommerce“.

Помалите трговци на мало „ќе се борат да преживеат кој било подолг период на блокада“, предупреди тој. „Некои од нашите членови предвидуваат дека повеќе од 30 проценти од продавниците за облека, кои зависат особено од божиќната сезона, никогаш повеќе нема да се отворат“, додаде тој.

„La Fée Qui Cloche“, продавница за играчки северно од Монмартр во Париз, е уште еден бизнис кој се соочуваа со огромни предизвици. Нејзината сопственичка Миа Пелисар-Јадан вели дека е крајно лута што други несуштински трговци биле принудени да се затворат во рамките на блокадата на Франција. „Едноставно е неправедно“, рече таа. Продавницата обично прави 15 проценти од годишната продажба во ноември и уште една третина во декември, рече таа.

Наместо да прифаќа клиенти, таа има изградено click-and-collect систем – т.е. за нарачка и испорака, така што купувачите можат да нарачаат стока по телефон или порака и да ја подигнат во одредено време. Сепак, Пелисар-Јадан нема илузии дека ова ќе го компензира отсуството на клиенти на самото место. „Купување на плишано животно за дете преку Интернет, нема смисла. Луѓето сакаат да го допрат“, додаде таа.

Француските продавници на главните трговски улици во петокот добија одредено олеснување кога малопродажната онлајна компанија „Амазон“ рече дека ќе подлегне на политичкиот и деловниот притисок и ќе го одложи почетокот на промоциите на „Црниот петок“ во земјата за една недела до 4 декември. Фредерик Дувал, шеф на „Амазон Франција“, изјави дека продажбата на компанијата се зголемила за 40-50% од почетокот на блокадата кон крајот на октомври, во споредба со други Интернет трговци.

Продажбата на мало во еврозоната падна за рекордни 21% за два месеци по пандемијата во март, пред брзо да се опорави од минатогодишното ниво по укинувањето на првичните ограничувања. Најголем раст на годишно ниво има кај поштенските нарачки и продажбата преку Интернет, бидејќи потрошувачите ги пренасочуваат своите трошоци на Интернет.

Сепак, продажбата на мало во еврозоната започна повторно да опаѓа во септември, бидејќи вториот бран на вирусот доби интензитет. Повеќето економисти очекуваат есенските блокади да доведат до многу поголем пад на продажбата, откако истражувањето спроведено врз менаџерите за набавки покажа намалена активност во многу услужни компании. Индикаторот за доверба на потрошувачите во ЕУ за ноември, објавен во петокот, паѓа на најниско ниво од мај.

Некои веруваат дека откритијата вооднос на вакцините што ги објавија овој месец BioNTech / Pfizer и Moderna ќе дадат доволно надеж да им овозможат на многу продавници, ресторани и други деловни активности насочени кон клиенти да продолжат да се борат за подобри времиња.

„Тоа е навистина мрачна перспектива“, рече Анатолиј Аненков, економист на француската банка „Société Générale“. Откако вакцината е на пат, најверојатно ќе има доволно инвестиции за поддршка на повеќето од овие бизниси“, рече тој.

Mohaba, кој прави порцелански чаши за божиќните пазари во Германија и ширум светот, во голема мера се потпира на вакцината бидејќи нејзината продажба паѓа за три четвртини оваа година. Ова ја принудува компанијата да одложи инвестиција од 3 милиони евра во нов производствен капацитет.

„Сламката за која се фаќам е вакцината Ковид-19“, рече Гвидо Шлепуч, кој ја води компанијата. „Ако се случи во првиот квартал и нема дополнителни блокади, тоа ќе утврди дали ќе продолжиме со нашите животи како пред пандемијата“, додаде тој.

Во Италија, трговците на мало остануваат затворени во повеќето региони барем до почетокот на декември. Просечното божиќно трошење на домаќинствата, исто така, се очекува да падне за 15 проценти оваа година, според здружението на потрошувачи Codacons. „Санката на Дедо Мраз ќе биде полесна оваа година, бидејќи многу семејства почнуваат да чувствуваат притисок од кризата“, рече Карло Риенци, претседател на Codacons.

Бидејќи многу луѓе продолжуваат да работат од дома, ограничени во нивната способност да патуваат или да комуницираат, се очекува продажбата преку Интернет да расте заедно со поголема побарувачка за компјутерска опрема, фитнес тракери и гаџети. Истражувачката компанија GfK предвидува дека овие трендови ќе помогнат да се одржи продажбата на „Црниот петок“ во 70-те земји што ги следи, по растот од 20% минатата година.

Оваа промена веројатно има корист од главно поголемите трговци со поголемо присуство на Интернет. Fnac Darty, францускиот синџир за електроника, книги и музика, рече дека се очекува со да се справи подобро сооваа блокада, отколку со првата, бидејќи нејзините продавници се отворени за голема продажба, а интернет-услугата се покажува популарна, вели Енрике Мартинез, извршен директор.

Некои производи ќе се продаваат без оглед на околностите, додаде тој.
„Страствен гејмер нема да чека до крајот на блокадата за да го земе неговиот PS5“, смета тој.

Растот на продажбата на домашни игри е исто така светла точка. Сè, од класици како Scrabble и шах до понови игри, вклучувајќи го и The Mind, се троши како „вруќ леб“.

Слични содржини